Попладне заладување и дожд, на планините се очекува снег

113

Наутро понекаде ќе има услови за појава на магла. Преку денот ќе биде претежно облачно, на истокот со сончеви периоди. Претежно од пладневните часови ќе има повремен дожд кој се прошири од западните кон централните делови. На планините ќе има врнежи од снег. Преку ноќта снег ќе провејува на повисоките места во северните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со појава на повремен дожд. Од вечерните часови ќе започне да дува северен ветер кој преку ноќта ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник наутро повремен снег ќе има на планините, а понекаде на повисоките места во северните делови повремено ќе провејува снег. Под влијание на продор на студена воздушна маса од ноќта и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали. Во деновите потоа ќе преовладува студено време, од среда ќе биде облачно со повремени локални врнежи, кои на планините ќе бидат од снег, а ќе дува поинтензивен јужен ветер.