Помпео побара од Франција да не ја блокира Македонија за НАТО и за ЕУ

78

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, побара од Франција да не го блокира пристапувањето на Македонија во НАТО и во ЕУ. Во разговор со шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан, Помпео побарал по постигнатиот договор помеѓу Скопје и Атина, Париз да ги поддржи аспирациите на Македонија за членство во НАТО и за почеток на преговорите со ЕУ, пренесе МИА.
– Државниот секретар Помпео побара од францускиот министер за надворешни работи, Ле Дриан, да ја поддржи поканата од НАТО за приклучување на Македонија, како и отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ, по потпишувањето на договорот за името помеѓу Грција и Македонија – се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Стејт департментот.