Полуматурантите одлучуваат за своето средно образование

266

Полуматурантите денес и утре ќе одлучат каде сакаат да го продолжат своето образование, со почнувањето на уписот во средните училишта.

Меѓу потребните документи за упис во некое од средните училишта во земјава се, пријава за запишување, оригинални свидетелства од шесто до деветто одделение, извод од матичната книга на родените и дипломи од државни натпревари, доколку ученикот ги освоил.

Најголем интерес од страна на завршените основци вообичаено има за гимназиските паралелки, за економија и за медицина. Надлежните институции ги повикуваат учениците внимателно да ја изберат насоката на образование. На пазарот на труд постои потреба од медицински лица, техничари, информатичари и од занаетчии.

Сите полуматуранти кои нема да успеат во првиот уписен рок да се запишат во средно училиште ќе може да го направат тоа на 24 и 25 јуни годинава. Резултатите од уписот ќе бидат објавени на 26 јуни.