Политичко-безбедносната состојба по членството во НАТО во фокусот на Советот за безбедност

59

Советот за безбедност ќе дискутира за политичко-безбедносната состојба во Македонија по членството во НАТО, на денешната осма седница што ќе се одржи во „Вила Водно“, со почеток во 12 часот.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствуваат и директорите на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски и на Оперативно-Техничката Агенција ОТА, Зоран Ангеловски, како и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Пендаровски ќе даде изјава за јавноста по завршување на седницата, како што соопштија од кабинетот на претседателот.