Погребан Амди Бајрам

1647

Поранешниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам попладнево беше погребан на муслиманските гробишта во Бутел.

Амди Бајрам почина вчера на 64-годишна возраст во Клиниката „Жан Митрев“, официјално од кардиоваскуларни компликации, а Министерството за здравство подоцна соопшти дека по смртта било утврдено дека тој бил позитивен на ковид-19.

Од скопскиот Центар за јавно здравје соопштија дека во тек е епдемиолошка анкета на семејството Бајрам.

Претходно од неговата партија соопштија дека Бајрам ќе биде погребан во Бутел во Алејата на великаните, меѓутоа подоцна од АД Бутел информираа дека поранешниот пратеник, сепак, ќе биде погребан на муслиманските гробишта.