Парични казни за родителите на невакцинираните деца

189

Министерството за труд и социјална политика ги информирало сите државни и приватни градинки, дека Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници (морбили) во Скопје, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, и им укажало дека е на сила забрана за примање деца во градинките кои не се вакцинирани од МРП (вакцина за морбили, рубеола и паротит).

Од Министерството информираат дека градинките се задолжени и да спроведат санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.

-Врз основа на горе наведеното Министерството за труд и социјална политика укажува дека треба да се почитуваат одлуките што се донесени од страна на Министерството за здравство. Укажувањата и препораките се во насока на превенција и поголема безбедност на децата – се вели во денешното соопштение од МТСП.

Од Министерството ги потсетуваат родителите дека казните за невакцинирање на децата се движат од 350 до 650 евра.