Охрабрување и поконкретни резултати, побараа европските министри за членство во ЕУ

483

Амбасадорите од Германија и Франција дадоа поддршка, но и барања за реформи до месец октомври, со цел Македонија да добие датум за преговори за влез во Европската Унија. 

Пред националниот совет за евроинтеграции, германскиот амбасадор Томас Герберих упати оптимистичка порака, велејќи дека е убеден дека годинава ќе имаме старт на преговорите. Тој тврди дека не е прашање дали, туку кога  преговорите ќе започнат. Сепак, покрај поддршката, тој исто така побара и проширување на преговорите и видливи резултати. 

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, пак, побара поконкретни резултати со цел Париз да даде зелено светло за отпочнување на преговорите. Тој побара пофункционално собрание, како и имплементација на законите со учество на опозицијата во реформите. 

– Работата не е завршена, постои уште многу да се направи. Една од основните точки во кои ќе се вреднува земјата е постигањето на согласност за законот за СЈО – изјави министерот Тимоние.

Претседавачот со советот, Никола Попоски, смета дека по 14 години кандидатски статус, време е Македонија да добие датум за полноправно членство во Унијата. Но, за да се случи тоа ќе биде потребна одлука од самата Унија, а Македонија треба да се обиде да се приближи до неа, за што ќе треба прво да се случат промени во земјата.