Отворено писмо

690

Како научници и автори сакаме да се осврнеме на прашањето на извртувањето на суштината на Преспанскиот „договор“ во некои кругови, како и портретирањето на сите негови опоненти како националисти и екстремисти.
Договорот не им служи на интересите ниту на Македонија, ниту на Грција. Тој не е заснован на респект за меѓународното право, човековите права и демократските принципи.

Договор што се обидува да дефинира политички, историски и културни граници помеѓу „античка Македонија“ и (она што треба да биде) Северна Македонија е бизарен потфат несоодветен за 21 век. Конструкцијата на идентитетите не е работа за која било влада. Македонија е подложена на арбитрарен меѓународен инженеринг против волјата на нејзиниот народ. Поради слабата политичка поддршка, високополаризирана атмосфера само ги продлабочува внатрешните поделби. Овој асиметричен „договор“ нема да ги намали регионалните тензии, бидејќи само послабата (македонската) страна е принудена на компромис, за да ја натера (Северна) Македонија во НАТО – организација, која е самата во идентитетска криза.

Договорот претставува негација на уставниот суверенитет на Република Македонија, со тоа што последниот збор им е даден на пратениците на странска држава (Грција). Новото име е наменето да се употребува не само во меѓународните односи, туку и во внатрешниот правен поредок. Атрибутот „македонски“ ќе биде избришан од сите службени документи и од јавна употреба под закана од орвелијански санкции. За изучувањето на историјата ќе одлучуваат владини тела, а не научните работници.
Меѓународниот мисменаџмент продолжува. Поддржувајќи ги мерките за градење доверба, решавање на конфликтите и помирувањето, ние застануваме на тврдењето дека Преспанскиот договор не ветува одржлив мир. Членството во НАТО нема да доведе во социјален и економски прогрес или безбедност за малата македонска држава; иронично, но токму Грција е најдобриот доказ за тоа што произведуваат меѓународните диктати на европската периферија.

ПОТПИСНИЦИ:

1. Билјана Ванковска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
2. Џејмс Петифер, Универзитет во Оксфорд
3. Венко Андоновски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
4. Милан Кундера, писател, Париз
5. Ричард Фолк, Универзитет „Принстон“
6. Жарко Пуховски, Универзитет во Загреб
7. Лидија Р. Баста Флајнер, Универзитет во Фрајбург
8. Дарко Митревски, режисер, Лос Анџелес
9. Жорж Бану, претседател на Комисијата за театарски награди во Европа, Париз
10. Јан Оберг, директор на меѓународната фондација за мир и иден развој, Лун
11. Горазд Росоклија, Универзитет „Колумбија“
12. Жозет Бер Хил, Универзитет во Цирих
13. Гордана Силјановска-Давкова, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
14. Жан Павлески, Универзитет „Сорбона“, основач на издавачката куќа „Економика“, Париз
15. Нада Бошковска, Универзитет во Цирих
16. Стефано Бјанкини, Универзитет во Болоња
17. Владимир Унковски-Корица, Универзитет во Глазгов
18. Пепе Ескобар, геополитички аналитичар во „Ејжа тајмс“
19. Радмила Накарада, Универзитет во Белград
20. Игор Јанев, Универзитет во Белград
21. Жидас Даскаловски, Универзитет „Климент Охридски“
22. Никола Попов, Универзитет „Мекмастер“, Онтарио
23. Ерол Туфан, поет, Турција
24. Бернд Фишер, Универзитет „Индијана“, Форт Вејн
25. Митко Маџунков, МАНУ
26. Мите Стефоски, директор на „Струшките вечери на поезијата“
27. Јохан Галтунг, основач на универзитетот „Трансенд“
28. Витомир Митевски, МАНУ
29. Жан-Патрик Конрад, Универзитет во Лондон, поранешен претседател на Европската асоцијација за унапредување на науката
30. Борислав Павловски, Универзитет во Загреб
31. Славко Богданов, Универзитет „Колумбија“
32. Френсис Д. Рашка, Англо-американски универзитет, Прага
33. Леонид Грчев, МАНУ
34. Михајло Поповски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
35. Миранда Викерс, независен научник, Обединето Кралство
36. Александар Димовски, МАНУ
37. Жан Пјер Симеон, поет, уредник на „Галимар“, Париз
38. Бранко Ставрев, театарски режисер
39. Емилија Вотерс, КАТС колеџ во Кембриџ
40. Јордан Плевнеш, писател и амбасадор
41. Живко Попов, МАНУ
42. Марија Ристеска, Центар за истражување и креирање политики
43. Катица Ќулафкова, МАНУ
44. Димитар Апасиев, Универзитет „Гоце Делчев“
45. Даниел Вајс, Универзитет во Цирих
46. Виктор Бивел, директор на издавачка куќа „Полајткон“, Сиднеј
47. Марко Павловски, писател, Универзитет во Загреб
48. Елка Јачева-Улчар, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
49. Драган Душко Вукотиќ, медиумски специјалист, Подгорица
50. Јани Бојаџи, филмски и театарски режисер
51. Славе Ѓорѓо Димоски, поранешен претседател на Советот на „Струшките вечери на поезијата“
52. Тодор Чепреганов, Универзитет „Гоце Делчев“
53. Боб Чурчер, поранешен директор на Меѓународната кризна група, Косово
54. Богдан Богданов, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
55. Блаже Миневски, писател
56. Солза Грчева, професор
57. Марјан Попов, Технички универзитет Делфт
58. Александар Шулевски, Универзитет во Амстердам
59. Џорџ Г. Дуртаноски, Летонска христијанска академија, Рига
60. Виктор Ѓамовски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
61. Антоанела Петковска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
62. Ирена Павлова де Одорико, поетеса, Италија
63. Раде Силјан, писател и издавач
64. Сашо Калајџиевски, Универзитет во Манитоба
65. Алдо Климан, поет и претседател на Македонскиот културен форум во Хрватска
66. Милојка Калкашлиева, судија на Врховниот суд на Република Македонија (пенз.)
67. Пол Филев, книжевен преведувач, Мелбурн
68. Ринга Раудола, катедра за иновација и управување, Универзитет во Талин
69. Јовица Тасевски-Етернијан, поет
70. Марина Мијаковска, писателка
71. Кирил Барбареев, Универзитет „Гоце Делчев“
72. Блаже Ристески, МАНУ
73. Златко Диздаревиќ, поранешен амбасадор, Босна и Херцеговина
74. Данило Глигороски, Норвешки универзитет за наука и технологија
75. Сашо Поповски, академски сликар