Османи оствари средба со новоименуваната американска амбасадорка Брнс

49

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваната американска амбасадорка, Кејт Мари Брнс.

Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, тој упатил честитки до амбасадорката по повод нејзиното назначување и ѝ посакал успешна работа.

Османи изјавил дека САД не се само стратешки партнер на Република Македонија, туку и најважен пријател чија поддршка може да се препознае во сите позначајни успеси на нашата земја од нејзината независност, при што потенцирал дека државата останува доверлив партнер на САД на Балканот.

На средбата Османи и Брнс разговарале и за поддршката на САД за членството на државава во НАТО, во очекување на ратификацијата на Протоколот за НАТО од страна на Сенатот во наредните месеци.