Османи: Бомбите не нѐ засегаат, тие се обврска на институциите

68

Демократската унија за интеграција не е вознемирена ниту презема некакви мерки по објавувањето на бомбите на Ел Чека, со разговори на членови на партијата. Вицепремиерот Бујар Османи смета дека тие се исклучива обврска на институциите.

– Во ДУИ ова прашање воопшто не е разгледано, ниту е во никаков формален или неформален контекст анализирано бидејќи сметаме дека не е прашање што треба партијата да го разгледа ниту не засега туку е прашање на институциите кои треба да гарантираат дека приватната комуникација на граѓаните треба да биде гарантирана. Институциите имаат обврска тоа да го сторат. Апсолутно немаме никаква вознемиреност во тој дел ниту нешто посебно правиме бидејќи тоа не е надлежност ниту на ДУИ ниту на другите политички партии, тоа е прашање на институциите – рече Османи.

Содржината на бомбите се приватни разговори кои Османи вели дека нема да ги коментираат туку ќе остават институциите да се занимаваат со тоа.

Вицепремиерот нагласи дека партијата ДУИ била предмет на специјални војни откога постои, но секогаш од сите предизвици излегувала посилна.