Опасноста од мигранти е голема

100

На подрачјето на нашата јужна граница нема поголеми раздвижувања од мигранти, но сепак опасноста од мигранти во земјава е голема, иако притисокот е долу на границата помеѓу Турција и Грција, изјави вчера заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска.

– Редовно сме информирани од колегите од грчката полиција и од ФРОНТЕКС и во координација со нив ќе го зголемиме бројот на полицајци доколку тоа е потребно – истакна Петровска при посета на СВР-Велес.
Таа истакна дека државата ги презема сите мерки, за состојбите навремено да бидат превенирани.