Од утре студено со дожд и снег на повисоките места

216

Под влијание на студена воздушна маса од север од утре се очекува облачно и студено време со услови за локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег, особено во јужните и западните делови од Македонија.

Во текот на денешниот ден ќе преовладува облачно време со умерен, а долж Повардарието повремено засилен севетер ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно со умерен, а на моменти засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Утринава најниска температура е измерена во Лазарополе -2, а највисока во Гевгелија 12 степени.