Од поранешните функционери обезбедување користи само уште Груевски

463
Фото: Маја Јаневска-Илиева

МВР го укина и последното лично обезбедување за функционери од поранешната влада. Од МВР за МИА потврдија дека по направените безбедносни процени не постои безбедносен ризик врз поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и поради тоа е укинато.

– Од поранешните функционери обезбедување сѐ уште користи само поранешниот претседател на Владата Никола Груевски. Нему му следува обезбедување толку години колку што бил на функцијата – посочуваат од МВР.

МВР од скоро му го укина обезбедувањето и на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Одлуката била донесена пред празникот, поради процена дека веќе не постојат безбедносни ризици.

По поднесувањето на оставката во мај 2015 година, за обезбедувањето на Мијалков се грижеа шест телохранители, а на располагање имаше и два автомобила.