Од октомври лековите на товар на Фондот ќе можат да се подигнат со рецепт и лична карта

61

Осигурените лица од 1 октомври годинава ќе можат да ги набават лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

Од ФЗОМ информираат дека дотогаш, на сила се постоечките позитивни прописи, со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на осигуреното лице.

– Фондот како купувач на здравствени услуги е конструктивен и отворен за соработка со сите чинители во здравствениот систем и работи на имплементација на соодветно електронско решение со кое ќе се олесни администативното работење на здравствените установи при пропишување и издавање на лекови на рецепт, во интерес на поефикасна и подостапна здравствена услуга на осигурените лица – велат од Фондот.