„Одлучен удар“ ги тестира можностите во пресрет на членството во НАТО

268

Задоволство е да се биде во друштво на припадниците на нашата Армија со нивните колеги од САД, Литванија, Црна Гора, Албанија и Бугарија, напиша премиерот Зоран Заев на Твитер, по повод одржувањето воената вежба „Одлучен удар“ на Криволак, на која тој приуствуваше.

На воената вежба учествуваат 2.700 војници. Материјално-техничките средства користени на вежбата треба да овозможат споредба на подготвеноста на војниците за изведување на операции под закрилата на НАТО.