Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците без компјутер

1061

Учениците што немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да ги следат на Македонската радио-телевизија, на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни сегменти за секој наставен час.

Часовите ќе почнуваат во 8:30 часот по утврден распоред за секое одделение, подготвен од Бирото за развој на образованието.

Министерката за образование, Мила Царовска, на својот фејсбук-профил ги објави распоредите со часови од прво до деветто одделение за наставата на телевизија.
– Оваа година е различна од останатите. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови. Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се разиваат – напиша Царовска на Фејсбук.

Според анализите на МОН, околу 40.000 деца немаат соодветни ИТ-уреди.