Објавени уписните рокови на Скопскиот универзитет

272
Фото: Дарко Андоновски

Првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје е закажан на 29 и 30 август. Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10.665 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има 5387 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4.248 и за вонредни студенти слободни се 1.030 места.

Надоместот што го плаќаат редовните е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни ќе плаќаат по 400 евра. За да конкурираат за студии, кандидатите треба да имаат положено државна матура.

Вториот уписен рок на УКИМ е на 12 и 13 септември, а третиот рок на факултетите каде што ќе останат слободни места е на 25 септември.Учебната година за студентите почнува на 1 октомври.