Облачно со повремени врнежи од снег

164

Облачно со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, кои ќе бидат позастапени во западните делови. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува.

Утринските температури ќе се движат од -10 до -3 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од -3 до 4 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -8 и дневна до -2 степени.

Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, а во следните денови ќе преовладува стабилно време со услови за магла по котлините. Дневната температура од четврток осетно ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.