Облачно и дождливо со температура до 19 степени

58

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во вечерните и ноќните часови. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер (со брзина и над 60 км/час), кој особено ќе биде изразен долж Повардарието, како и на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде облачно, а попладне, особено во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 17 степени.