Облачно време со обилни врнежи од дожд

72

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни, соопшти УХМР.

Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер, на места ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Во југоисточните делови од земјава се очекува да наврнат над 35 л/м2 воден талог. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат. Максималната температура ќе биде во интервалот од 11 до 17 степени.

Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне врнежите ќе престануваат. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.