Облачно време со засилен северен ветер

80

Денеска на места ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер, информира УХМР.

Дневната температура ќе се движи од 5 до 11 степени. Утрото најстудено ќе биде во Берово со -7 степени и Битола и Маврово со -6 степени.

Во Скопје температурата ќе се движи од -3 во утринските часови до максимална дневна од 7 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно. Во недела и во понеделник ќе има
повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.