Обвинители на СЈО утре се враќаат во судница

418

Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски се враќаат утре во судница за да го застапуваат предметот „Монструм“ пред скоспкиот кривичен суд. Државниот обвинител Љубомир Јовески веќе има започнато со прераспределбата на предметите кои ги враќа на досегашните јавни обвинители. Цел е ваквото прераспределување да се случи што побрзо. 

Според информациите од Основното јавно обвинителство, предност ќе имаат оние предмети кои се во фаза на судење за да не се одолговлекуваат судењата. 

– Приоритет ни се предметите кои веќе се во судска постапка. Веќе утре имаме судење на кое ќе се појават обвинители кои беа во СЈО а сега предметот е во надлежност на државното обвинителство, а кои ќе бидат назначени од Јавното обвинителство. Насокоро ќе донесеме и одлука за тоа кои обвинители ќе ги застапуваат и другите предмети преземени од СЈО – изјави Јовески Јавен.

Рочиштата на СЈО беа одложувани поради нерешениот статус на предметите, но со трансферот на надлежноста се очекува судењата да продолжат по предвидениот тек.
По одлуката да се вратат јавните обвинители во матичните обвинителства, не се знае дали тоа ќе остане како крајно решение. Специјалните обвинители кои беа разрешени вчера, ќе останат и во своите канцеларии на СЈО, каде по наредба на Јовески ги чуваат сите предмети, докази и прислушувани разговори.

Од министерството за правда не ја исклучуваат можноста за средба на работните групи до петок, а Власта го разгледува новиот предлог-закон за Јавно обвинителство што беше доставен вчера од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.