Нуркачи открија живеалишта на загрозен вид рак во Охридското Езеро

327

Нуркачите од охридскиот клуб „Акватек” на дното на Охридското Езеро открија живеалишта на ракови полни со јајца.

– Зимско февруарско нуркање. Наидовме на живеалишта од ракови на 10 метри, може да се види на видеото дека ракот има многу јајца, тоа е прекрасно. Ракот се смета за загрозен вид во Охридско Езеро, но еве се размножуваат, треба да ги чуваме – објави клубот.

Раковите биле откриени на потегот Потпеш – Канео на 600 метри од брегот.