Нуредини: Континуирано работиме за зачувување на богатиот биодиверзитет во земјата

48

Светот годинава го одбележува 5 јуни, Денот на животната средина, во знакот на природата.

По овој повод, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, истакнува дека нашата држава изобилува со природни реткости и богат биодиверзитет, кои имаме и обврска да го зачуваме.

– Работиме континуирано на зачувувањето на пределската разновидност и биодиверзитетот во државата, а во изминатиот период одбележавме и низа достигнувања во ова поле – истакнува ресорниот министер кој дадава дека претстојат сериозни напори за остварување на заштитата и одржување на фокусот кон овие активности.