Нотарската комора даде донации за децата од Тетово и од Скопје

127

Хуманоста и споделувањето се неизоставен дел од празничната традиција која
Нотарската комора на Република Северна Македонија ја практикува низ годините. Оваа година Нотарската комора ја посвети на Дневниот центар за деца со посебни потреби во Тетово и Центарот за деца со церебрална парализа во Скопје.

На 24 декември во посета на Центарот за деца со посебни потреби во Тетово беа потпретседателот на Нотарската комора на РМ, нотар Наџи Зеќири и членот на Комисијата за вршење надзор над примената на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам при Нотарската комора, нотар Тодор Бошковски, кои извршија примопредавање на донација – новогодишни пакетчиња и едукативни табли и играчки за децата со посебни потреби.

На 27 декември во Дневниот центар за деца со посебни потреби ќе биде организирана приредба на која во знак на благодарност за донацијата ќе биде доделена Благодарница на Нотарската комора на РСМ.

На 26 декември во посета на Центарот за деца со церебрална парализа во Скопје беше потпретседателот на Нотарската комора на РМ, нотар Олга Димовска и членот на Управниот одбор, нотар Анита Адамческа кои во присуство на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на дечињата кои престојуваат во центарот им беа поделени новогодишни пакетчиња.

Управниот одбор на Нотарската комора на Република Северна Македонија на 13 декември година донесе одлука за доделување на финансиска помош на настраданите во земјотресот кој се случи на 26 ноември во Драч, Албанија. Во донацијата на повик на Нотарската комора се вклучија и голем број на нотарите од Република Северна Македонија со свои финансиски парични средства на доброволна основа.

Собраните парични средства во износ од 213.500 денари се уплатени на Фондот за солидарност на Црвен крст на Република Северна Македонија, кои заедно со останатите собрани средства ќе бидат префрлени на Црвениот крст во Албанија со цел санирање на последиците од разорниот земјотрес.

Хуманоста и солидарноста немаат граници, а подадената рака е секогаш добродојдена онаму каде што е потребно. Нотарска комора на Република Северна Македонија и во иднина како и до сега ќе продолжи со хуманитарни акции и донации во текот на целата година, се наведува во соопштението на Нотарската комора.