Нормализиран сообраќајот на патот Маврово-Дебар

552

Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар во близина на манастирот „Св.Јован Бигорски“, кој поради свлечиште беше во прекин, е нормализиран, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Претходно сообраќајот беше во прекин, но по интервенцијата на надлежните служби, дел од коловозот беше расчистен, по што сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента.

Вечерва е отстранет целиот нанос на снег и земја на патот и сообраќајот се одвива по двете коловозни ленти.