Ново рочиште за предметот „Талир“

368

Судењето за предметот „Талир“ на Социјалното јавно обвинителство, што се однесува на незаконското финансирање на партијата ВМРО ДПМНЕ треба да продолжи денес во Кривичниот суд во Скопје.

На барање на одбраната, минатото рочиште беше одложено поради отсуство на обвинителот Леко Ристоски.

Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари оваа година, но судскиот процес неколку месеци се одложува и се наоѓа се уште на почетокот.