Новите претседатели на судови дадоа заклетва

345

Новоизбраните шест претседатели на основните судови попладнево положија заклетва во Судскиот совет. Претседателот на Советот, Киро Здравев, рече дека очекува како избрани претседатели да работат чесно и совесно.

Советот ги избра Миле Димовски за претседател на судот во Битола, Лидија Димова во Велес, Миле Ѓорѓиев во Делчево, Љубица Цветковска Стојановска на судот во Крива Паланка, Зоран Стеваноски за претседател на судот во Прилеп и Ѓорѓи Андонов за претседател на штипскиот суд.

Откако ги дадоа заклетвите, новите претседатели отидоа на кафе кај претседателот на Советот, Киро Здравев. Останатите избрани претседатели не положија заклетва, зашто не завршила постапката за жалби.