Новиот состав на ДИК стапува на должност

77

Новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) денеска пред претседателот на Собранието на Република Македонија ќе дадат свечени изјави. 

Привремениот шестмесечен состав на ДИК беше избран со 100 гласа „за“ експресно и без дискусија на 56. седница која се одржа во средата вечерта, по договорот што го постигнаа политичките партии и лидерите на средбата во понеделникот. 

Претседател на ДИК е Оливер Дерковски предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а Дитмире Шеху од ДУИ потпретседател. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса се членови на највисокото изборно тело во државата.

Со формирањето на ДИК се создадоа услови за организирање на најавениот есенски референдум за името.