Повторното ширење на малите сипаници не дојде случајно

840

Повторното глобално избивање на малите сипаници (или морбили) не покажува знаци на сопирање, откако прелиминарните податоци на Светската здравствена организација (СЗО) откриваат дека случаите на опасниот вирус се зголемиле за четири пати во првите три месеци од годинава, во споредба со истиот период лани, јавува британски „Индипендент“.

Иницијалните бројки покажуваат 112.163 случаи од високо-заразната болест се пријавени во 170 земји во април. За споредба, во истиот период лани биле пријавени само 28.124 заболени.

Од СЗО велат дека драстичното зголемување на случаите индицира на јасен тренд на значајни појави на петидемии, и во секој регион кои го надлегуваат се забележува зголемување на потенцијално смртоносната болест.

– Во Европа е забележано зголемување од 300 отсто на случаите, регион во кој минатата година беа забележани највеќе случаи во последната декада, а во Африка има зголемување од околку 700 отсто на случаите на заболени од морбили – велат од СЗО.

На светскиот тренд не остана имуна ниту Македонија, каде на крајот на 2018 година на подрачјето на град Скопје беше прогласена епидемија на заразната болест. Денес, Комисијата за заразни болести донесе одлука да биде прогласена епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија, со цел да се спречи натамошното ширење на болеста, да се намали бројот на нови инфекции и да се спречат тешките форми на ова заболување.

Во моментов, како што информираат на интернет-страницата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од 6 до 12 април се пријавени вкупно 126 случаи на мали сипаници. Вкупно, од почетокот на епидемијата, во државава се регистрирани 961 случаи на мали сипаници. Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во шест здравствени региони (Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга).

Епидемии има на повеќе различни страни на светот, а пријавени се и во ДР Конго, Етиопија, Грузија, Казакстан, Киргистан, Мадагаскар, Мјанмар, Филипини, Судан, Тајланд и Украина, земји кои толку поради епидемијата се регистрирани голем број на смртни случаи, најчесто кај децата.

Претходно, СЗО предупреди за растечката појава на скептицизмот кон вакцинацијата, пропагирана од лажните твдрења на социјалните мрежи, кој сега предизвика повторно појаување на морбилите во многу региони каде уште од многу одамна практично беа искоренети.

Една четвртина од случаите на заболени лица завршуваат во болница поради копликации, кои може да предизвикаат доживотни попречености, оштетување на мозокот и можност за губење на слухот и на видот.

Неуспешноста адекватно да се финансираат вакцинациските програми и да се зголеми свеста за здравјето на луѓето, особено во земјите во развој, е уште една голема причина за сè почестата појава на епидемии.

Заболувањето од морбили може скоро целосно да се превенира со две дози на вакцини, но на глобално ниво, покритието може да се каже дека е во застој, констатираат од „Индипендент“.

Поголемиот дел од модерното анти-вакцинално движење може да се поврзе со публикацијата на истражувачот Ендрју Вејкфилд од 1998 година, кој твдреше дека вакцината за морбили, заушки и рубеола (МРП-вакцината) може да го зголеми ризикот за аутизам кај децата. Од тогаш, на Вејкфилд му е одземена лекарската дозвола, а публикацијата повлечена.

Иако повеќе пати претходно истото беше докажано, најновата студија од март повторно покажа дека МРП-вакцината не го зголемува ризикот за аутизам и не активира аутизам кај деца кои има ризик за појава на оваа здравствена состојба. П.С.