Новинарките на „Нова Македонија“ одиграа машки (галерија)

718
Фото: Горан Атанасовски

По повод 8 Март, Денот на жената, редакцијата на „Нова Македонија“ вчера организираше ревијален натпревар, на кој земаа учество новинарките од истоимениот весник.

Дамите од новинарскиот- портал и новинарскиот- весник, во салата на Металург во населбата Автокоманда, симболично го одбележаа празникот на жената, каде изиграа неверојатно динамична утакмица, проследена со многу смеа и благи повреди.

Во публиката пак, новинарките беа бодрени и будно следени од своите најблиски и колегите од посилниот пол. Непосредно после натпреварот беа врачени Благодарници за сите учесници.