Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

85

Работните групи на власта и опозицијата денеска ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство.

Средбата што ќе се одржи во Собранието е прва по лидерската средба на претседателите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, што се одржа на почетокот од овој месец, а на која не беше изнајден заеднички јазик за овој закон.