„Нова Македонија“ со полн капацитет застанува зад својата новинарка и целосно почитување на новинарскиот кодекс и принципи

2996

Разгледувајќи го вчерашниот настан на прес-конференцијата за новиот предлог-закон за основно образование во Владата и прашањето поставено од нашата новинарка Антонија Поповска, колегиумот на нашиот весник „Нова Македонија“ ги констатира следните заклучоци:

1. Новинарката Поповска употреби несоодветна терминологија која излегува од рамките на професионалните принципи и кодекс на новинарството

2. Контекстот на поставеното прашање беше во ред и на место, но изместен од несреќно одбраната терминологија

3. Намерата на новинарката беше искрена, длабоко посветена на професијата и вистината, со примарно лојален однос кон јавноста

4. Моментната високосвесна доблесна реакција на новинарката за сторениот превид и искреното извинување ја чини Поповска новинар од висок маштраб и достојна на својата професија и на новинарскиот бренд на кој му припаѓа

5. „Нова Македонија“ со полн капацитет застанува зад својата новинарка и дава силна поддршка на напорите на патот Поповска и на многу други колеги да станат вистински чувари на јавниот интерес

Редакција Нова Македонија