Никола Рибароски избран за претседател на Комората на друштва за геодетски работи

77

На редовно годишно собрание, делегатите го избраа Никола Рибароски за претседател на Комората на друштва за геодетски работи.

По изборот тој истакна дека ќе ги застапува заедничките интереси на членовите на Комората институциите на национално и интернационално ниво, ќе ги чува угледот, честа и правата на членовите и вработените овластени геодети, и ќе се грижи дејност да ја вршат во согласност со матичниот Закон.

Рибароски е дипломиран геодетски инжинер и магистер по технички науки на Градежниот факултет во Скопје. Има повеќегодишно искуство во секторот и во изминатиот мандат беше член на управниот одбор на Комората.

– Рибароски делуваше со силни и континуирани заложби за подобрување на условите за работа за геодетските друштва, но и за зголемување на јавните овластувања за геодетите кои се неопходни за либерализација на пазарот и економски раст на секторот – се наведува во соопштението на Сојузот на стопански комори на Македонија.