Не ги навредувајте и повредувајте самохраните мајки

218

Граѓанската организација за унапредување на правата на еднородителските семејства, во најголема мера на самохраните мајки „Една може!“, изминатиов месец беше дел од глобалното мото „Еаch for equal“, преку кампања за антидискриминација на самохраните мајки.

– Поттикнати од многу дојави, кои според нашето повеќегодишно искуство, кои стигнуваат до „Една може!“, направивме пилот-истражување за увид во директни искуства каде можност имаа да дадат изјави над 4.000 жени. Меѓудругото, тие одговараа и на прашањето, „Кои се најчестите изрази кои ги користат луѓето со кои сте опкружени, за да ве дискриминираат и/или што ви е кажувано во многу наврати, кога ќе ви се налути некој – вели Дороти Пачкова, основачката на организацијата.

Некои од испитаничките сакале анонимно да пријават што им се кажува кога другите сакаат да ги омаловажат, навредат, замолчат или повредат.

– Испитаничките во 90 отсто чувствуваа потреба да дообјаснат, да ни кажат од кого најчесто им се упатувани и многу често изјавуваа дека ова се работи кои констатно им се повторувани, многу често како алатка за дисциплинирање, терање кон покорност, послушност и/или веднење глава но и од завидливост, љубомора, конкурентност. А самохраната мајка може да оди со крената глава, да е среќна и да ниже успеси и покрај сите предизвици кои самохраното родителство ги носи со себе – смета Пачкова.

Во рамки на истражувањето се барале и причинителите кои донеле до лошиот третман и дискриминација.

– Првата најбројна група на луѓе кои ги навредуваат се нивните поранешни партнери – во најмногу случаи евидентирани сторители на насилство, а во некои случаи неевидентирани, татковци на заеднички деца, но во некои случаи и партнери со кои имале обид за формирање на нова заедница и со кои во некои случаи не се заеднички родители на децата на испитаничките. Потоа тука се и членовите на потесното, па и на поширокото семејство – вели таа.

Кога станува збр за навредите од партнерот, во голема мера се работи за сторители на родово базирано насилство. Ова, според Пачкова, е клучен податок од пилот-истражувањево кој упатува на психолошкиот ментален склоп на насилничките профили, без разлика во каков однос се со оние кои се обидуваат да ги претворат во жртви на своето насилство.

– Трета и последна група по бројност на вршење дискриминација врз испитаничките, беа нивните соработници и соработнички. Во голема мера вршители на дискриминација биле работодавачи или надредени, но значителен дел изјавија и дека колеги и колешки на исти работни позиции, ја користат семејната состојба на испитаничките за да ги дискриминираат, спореднив поради компетентност. Интересно е дека неколку испитанички изјавија дека посебно им пречи кога се дискриминирани од жени кои ги сметале за некаков тип на истомисленички, сојузнички, пријателки. Во одредени случаи се обидувале да ги делегитимизираат идентитетите на испитаничките доведувајќи ја во прашање нивната професионалност за работата која ја работат, во други случаи имало обиди за делегетимирање во однос на мајчинството, некаде во однос на домаќинлукот, но најчесто, психолошките насилници и насилнички, ги комбинираат овие аспекти за да ја субординираат потенцијалната жртва – додава Пачкова.

Таа, во името на организацијата апелира дa престане дискриминацијата, a наместо тоа, да има поддршка и љубов.

– Љубовта е способност и спремност да им се овозможи на ониеза кои се грижите да бидат она што го избрале за себе, без никакво инсистирање вие да бидете задоволни. Ако немате разбирање, солидарност, емпатија, поддршкаодносно ако не можете или не сакате, барем не правете штета. Доволно е. Сите заедна една за сите, за секоја една да може – завршува Дороти.