Непроспиена ноќ во Маврово, почувствувани пет земјотреси

85

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утринава регистрира серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 50 километри југозападно од Скопје и потекнуваат од епицентралното подрачје Гостивар – Тетово.

Од оваа серија почувствувани беа пет земјотреси и тоа: во 1.36 часот со локална Рихтерова магнитуда 3,5 и интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала, во 2.29 часот со локална Рихтерова магнитуда 3,2 и интензитет од три-четири степени според Европската макросеизмичка скала, во 2.48 часот со локална Рихтерова магнитуда 3,1 и интензитет од три-четири степени според Европската макросеизмичка скала, во 3.39 часот со локална Рихтерова магнитуда 2,6 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и во 7.44 часот со локална Рихтерова магнитуда 3,7 и интензитет четири степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.