Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа

294

Бугарската православна црква ќе продолжи да помага за решавање на статусот на македонската црква, најави денеска бугарскиот патријарх Неофит.

– Важно беше да се утврди името на државата и верувам дека постепено ќе одиме кон радост. Ќе направиме се што е неопходно, со Божја помош, радоста на нашите браќа од Македонија да биде целосна – изјави патријархот Неофит одговорајќи на прашање на „Бгнес“ на какво ниво се односите и дали бугарската црква ќе продолжи да и помага на црквата во Северна Македонија.

Патријархот Неофит денеска служеше архиерејска литургија во храмот „Света Софија“ по повод христијанскиот празник Благовештание.