Нема подолги чекања на граничните премини

27

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е умерен и се одвива по суви коловози и без проблеми.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.