Нема напредок во разговорите за законот за јавно обвинителство

97

Во разговорите за донесување закон за јавно обвинителство не е постигнат напредок ниту по вчерашната средба на партиските работни групи, што се одржа во Собранието.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата, недолго по нејзиниот почеток, откако посочија дека бараат на разговорите да биде присутен државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Антонио Милошоски по средбата истакна дека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го продолжат учеството во разговорите, само доколку биде присутен Јовески.

За министерката за правда Рената Дескоска, барањето на ВМРО-ДПМНЕ  претставува обид на партијата за одолговлекување на процесот. Таа најави дека разговорите ќе продолжат, како и оти власта ќе се обиде да обезбеди двотретинско мнозинство без ВМРО-ДПМНЕ.

Претставници на пратеничките групи, Дескоска, претставници на ЕК во Скопје, на американската амбасада, како и претставници на Платформата на граѓански организации за борба притив корупцијата, присуствуваа на вчерашната средба во Собранието.