На Табановце и Богородица се чека од 15 до 30 минути

51

На граничните премини Табановце и Богородица од македонска страна се чека од 15 до 30 минути поради зголемена фреквенција на возила.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот се одвива по претежно суви коловози.