На пет гранични премини ќе се пропуштаат оние што доаѓаат од северна Италија

233

Патниците што во државава ќе доаѓаат од критичните предели на северна Италија ќе се пропуштаат само на неколку гранични премини: Богородица, Блаце, Деве Баир, Ќафасан и Табановце со цел да биде посконцентрирана контролата и да има време да се организираат здравствените работници, рече министерот за здравство Венко Филипче по состанокот на Управувачкиот комитет на Центарот за управување со кризи.
Единаесет градови во северна Италија од вчера се затворени поради коронавирусот. Министерот кажа дека согласно засилените мерки што беа објавени утрово, ќе има засилена контрола на аеродромите во Скопје и во Охрид, и дека патниците од двата лета кои денес се очекуваат од Милано во двата града, ќе бидат детално интервјурани и прегледани.
Министерот даде апел до граѓаните доколку можат да не патуваат во градовите во северна Италија.