На Криволак ќе дојдат 170 американски војници

662

Владата донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили во земјава заради изведување на вежбовна активност.

Одлуката се однесува на одобрување на влез и престој на 170 припадници на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави и 10 припадници на Вооружените сили на Република Полска од составот на КФОР, со возила, вооружување, материјално-технички средства и опрема, заради изведување на вежбовна активност-реализација на гаѓања и заедничка обука со припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, информираат од Владата.

Вежбите ќе се извршат на Армискиот полигон Криволак, во периодот од 19 август 2020 година до 25 септември 2020 година.