Наградени најдобрите од конкурсот „Изрази се преку медиумите“

493
Фото: Маја Јаневска Илиева

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ ги додели наградите за најдобрите средношколски медиумски производи добиени на конкурсот „Изрази се преку медиумите“ на темата „Би сакал/а во мојата општина да…“ Првата награда ја освоија група ученици од СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово, втората награда му припадна на Стефан Митиќ од гимназијата „Орце Николов“ од Скопје, додека третата награда ја доби Берат Ахметај од ЕТУЦ „Михајло Пупин“ од Скопје. Исто така, беа избрани уште десет најкреативни медиумски производи, чии автори ќе учествуваат на летниот камп за медиумска писменост што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ќе го организира во јуни во Штип. Идејата на конкурсот беше да се поттикне медиумската писменост кај младите, кои на креативен начин ќе покажат дека умеат да ги користат медиумите за да предизвикаат промена во средината во која живеат. На конкурсот се пријавија педесетина ученици од цела Македонија. Конкурсот е дел од проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска и информациска писменост“, поддржан од Европската Унија.