МТСП: Работиме на расветлување на случајот со каснатото 11-месечно бебе

144

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека е запознато со случајот за каснатото 11 месечно бебе во скопската градинка Раде Јовчевски Корчагин, и работи на расветлување на случајот. Од Министерството не исклучуваат можност за дисциплинска постапка доколку постојат елементи за таков престап.

– Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата е веќе на терен и работи на расветлување на случајот, односно за тоа како настанала повредата на детето и ако постои сомнеж согласно со Закон ќе се поведе постапка за утврдување на дисциплински престап- наведуваат од МТСП.

Воедно, од Министерството појаснуваат дека поради намалениот број деца во јавните установи за деца – детски градинки, во летниот период долгогодишна пракса е децата од различни занимални, следствено на возраста да се згрижуваат во помал број занимални, но тоа, наведуваат, не значи и зголемен број на деца во занималните.