Македонската православна црква во иднина ќе ја носи титулата како канонска наследничка на Охридската Архиепископија, но и титулата на Јустинијана Прима.
Архиепископскиот црковно-народен собор на денешното заседание ја додаде Јустинијана Прима во името на МПЦ и во титулата на Архиепископот г.г. Стефан, кој во иднина ќе се ословува како Митрополит Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима.

Ова на прес-конференција го соопшти владиката Тимотеј, воедно и портпарол на Синодот на МПЦ, кој ја прочита донесената резолуција со сите измени и дополнувања во Уставот на МПЦ-ОА.

Така, според донесената резолуција од страна на делгатите на Архиепископскиот црковно-народен собор, биле изгласани предложените измени и дополнувања на Уставот на МПЦ.

– Се дополнува членот 2 од Уставот на МПЦ дека МПЦ кој ќе гласи дека Македонската православна црква е историска и правна наследничка на Охридската Архиепископија и на Јустинијана Прима, има достоинство на Архиепископија и се именува како Македонска православна црква-Охридска Архиепископија, а во комуникацијата Македонска православна црква. Се дополнува и чл. 9, став 2 од Уставот на Македонската православна црква, кој ќе гласи: „Титулата на Архипископот е Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима – заклучено е во резолуцијата.