Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина

141

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи порача дека утрово министрите ќе го поздрават историскиот успех што го постигнаа двете страни со Преспанскиот договор, јави дописничката на МИА од Брисел.

Решавањето на спорот за името е една од ретките добри вести за ЕУ, посочи Могерини пред почетокот на состанокот.

-Мислам дека сите ќе бидат среќни што ќе можеме да започнеме со нешто постигнато после толку работа, благодарение на импресивното лидерство, храброст и одлучност на лидерите и на народите на двете земји – изјави шефицата на европската дипломатија.