МНР постапува за верифицирање на информацијата дека Груевски е во Унгарија

177
Фото: Дарко Андоновски

Министерството за надворешни работи соопшти дека согласно своите надлежности и во координација со надлежните институции во земјава шпоставува со цел да се верифицира информацијата во врска со објавата на Фејсбук профилот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој објави дека се наоѓа во Будимпешта и дека таму ќе бара политички азил.

– Во врска со наводната информација објавена на Фејсбук профилот на г-динот Никола Груевски дека тој е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции во Република Македонија, постапува согласно своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата, нагласува МНР.

Министерството нагласува дека веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното, јавноста ќе биде соодветно и навремено информирана