Министерски совет на ЕУ за Македонија и Албанија

181
Фото: Илустрација

Министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за напредокот на земјите од Западниот Балкан и проширувањето. Министрите, меѓу другото, треба да решат дали и кога Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската комисија на 29 мај.

Одлуката што ќе ја донесат министрите денеска потоа ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на Европскиот совет на 20 и 21 јуни во Брисел.

Довербата во процесот за проширување на ЕУ ќе претрпи голема штета ако веднаш не почнат преговорите за пристапување на Македонија и Албанија, порача вчера високата претставничка на Унијата за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.