Министерот Филипче ја посети гостиварската болница

76

Министерот за здравство Венко Филипче, заедно со заменикот министер, Асим Муса денеска го посетија Здравствен дом Гостивар и се сретнаа со директорот д-р Сунај Мазлами и вработените, каде беа информирани за активностите кои се во тек, со цел подобрување на условите за третман на пациентите и унапредување на статусот на здравствените работници во оваа јавна здравствена установа.

Здравствениот Дом во Гостивар е една од 34 јавно-здравствени установи во државата за кои во моментов има постапка за преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) за подобрување на условите, односно реновирање на здравствените установи.