МЗШВ: Се оградуваваме од постапките на Трипуновски

125

По реакциите во јавноста за упадот на дополнителниот заменик министер од министерството за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во Подрачната Единица Берово и снимањето на вработените со што беше нарушена нивната приватност и лични податоци, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство се оградува од постапките на истиот.

– Овие постапки не се пракса на функционирањето на Министсерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, туку се личен акт на Трипуновски со кој не се согласуваме и остро го осудуваме. Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство е институција која во изминатиот период работеше на професионализација на својата администрација и хармонизација на односите помеѓу вработените, се со цел создавање на поволна клима за професионален однос, меѓусебна соработка на сите вработени а со тоа и давање на квалитетни услуги за земјоделците и целиот агро – сектор. Апелираме дополнителниот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски да се воздржи од вакви дејствија со кои се врши директно нарушување на имиџот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – се вели во реакцијата.